Најскапиот автомобил не е за в гаража: Rolls-Royce Sweptail се вози на улица (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Кога беше претставен на Concorso d’Eleganza Villa d’Este на езерото Комо, како најскап автомобил што по порачка е произведен и чини околу 13 милиони долари, веројатно сите помислиле дека тоа е само еден хир на сопственикот кој сака да го има во својата гаража.

Но, истиот автомобил бил забележан како полни гориво на бензинска станица што значи дека сепак нема да „спие“ во гаража туку ќе му служи на сопственикот. А тој работел заедно со иженерите на Rolls-Royce во неговата изработка, од дизајн па се до склопување на деловите.

Интересно е што надворешноста е како регуларен Phanton Coupe, но затоа внатрешноста е по специјална нарачка, инспириран на моделите на Rolls Royce од 20-те години од минатиот век и луксузните јахти.
Од самата предница каде доминира големата решетка се забележува дека тоа е сигурно една од најголемите што воопшто е вградена во некој автомобил, па новите светла и редизајнираните браници. Задниот дел, и внатрешноста е значително различни.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK