Најголемиот паркинг на светот собира 6.000 места, а ќе порасне на 12.500

ОБЈАВЕНО НА:

Холандија е позната по тоа што луѓето се еколошки освестени, па многу често во градовите користат јавен превоз или пак велосипед. А кога имате велеград во кој постојат илјадници велосипеди се соочувате со проблем, каде тие да се паркираат. Во моментов во Холандија постои најголемиот паркинг за велосипеди.

Паркингот почна да работи на крајот на август, под централната станица на холандскиот град Утрехт, првиот дел од паркингот за велосипеди, кој ќе биде најголем во светот по изградбата во 2018 година, пишува германскиот магазин De zeen. Во моментов има паркинг за 6.000 велосипеди, а идејата е да се направат 12.500 за1,5 година.

Вкупната инвестиција во проектот има за цел да го реши проблемот со безгрижното оставање на велосипедите пред железничката станица и на други места во градот. Вредноста на инвестицијата е 40 милиони евра. Градските власти сметаат дека нема да има таков паркинг во светот кога ќе се направи и ќе го замени Токио, кој во моментов има најголем паркинг за велосипеди.

Холандија е земја со најмногу велосипеди. Според податоците на весникот „Гардијан“, на едно лице во земјата има 1,3 велосипеди или над 22 милиони велосипеди низ целата земја. Утрехт не е во првите 5 европски градови со повеќето велосипедисти, но градот е релативно густо населен. Живеат 344.000 луѓе кои се движат главно на две гуми.

Поради постојано растечкиот број на велосипеди во Холандија, властите трошат милиони евра во модерни паркинзи, одржување на велосипеди, отстранување на пречки на патот, собирање напуштени или неправилно паркирани велосипеди.

Хаг планира гаража за 8.500 велосипеди, а Амстердам (835.000 жители и 847.000 велосипеди) развива паркинг проекти за илјадници велосипеди под реката Амстел, повторно поврзувајќи ги овие објекти со централната станица.

Сериозните проблеми во Амстердам се создадени од самите сопственици, минатата година биле собрани речиси 24.000 напуштени велосипеди, а 40.000 биле отстранети од улиците поради несоодветно паркирање.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK