Најбезбедното возило на светот: Лимузината на Трамп е посилна и од тенк (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја има најбезбедната лимузина на светот. Она што го велат информациите покажува дека ваков автомобил е тешко да се види на некое друго место, па дури и во филмовите со Џејмс Бонд.

Трамп е еден од најмоќните светски лидери, па неговата безбедност е главен приоритет на земјата. Покрај тоа што на располагање има посебно дизајнирана „летечка тврдина“ во авионот „Air Force One“, поради честите патувања по копно, првиот човек на САД се вози и во специјално опремена лимузина.

Се работи за посебниот Cadillac кој е опремен со најсовремена технологија, специјален оклоп и посебни стакла со дебелина од 12 сантиметри, кои можат да запрат речиси секаков тип на куршуми.

Во следното видео можете и самите да се уверите како изгледа автомобилот од 1,5 милиони долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK