На аукција легендарното Mini на Мистер Бин – еве ја почетната цена

ОБЈАВЕНО НА:

Речиси и да нема човек кој не се сеќава на легендарниот автомобил на Мистер Бин – популарнниот Mini. Овој автомобил кој беше составен дел од серијата “Мистер Бин” ќе се продаде на аукција именувана како “Иконите и легенди на Холивуд”, а почетната цена изнесува 60.000 американски долари.

Овој автомобил потекнува уште од далечната 1977 година кога се појавува во втората епизода на култната серија откако претходно, во првата епизода во целост беше уништен портокаловото Mini. Како што пишува во описот, автомобилот доаѓа со оригиналниот мотор кој воопшто не е тестиран како и остатокот од механичките делови.

Покрај овој автомобил, на оваа аукција ќе бидат понудени уште 10-тина други, а на аукцијата учество ќе земе и автобусот на Сандра Булок кој го возеше во филмот Брзина. Почетната цена на овој автобус изнесува 20 илјади американски долари.

Интересот за оваа аукција ќе биде со сигурност голем, па оттука доколку планирате некој од овие автомобили да биде ваш тогаш несомнено дека ќе треба да издвоите илјадници долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK