Michelin ќе користи струготини за создавање на поиздржливи гуми

ОБЈАВЕНО НА:

Производителот на гуми од Франција работи на нова технологија за замена на нафтените продукти при производство на гуми со струготини. Тоа станува јасно од зборовите на глобалниот директор на Michelin, Сирил Рож. Според него плановите се да создадат издржливи гуми за во иднина, а  и експериментите со струготини  делуваат како интересно решение.

Од Michelin планираат да вклучат еластомери направени од дрвени чипови за да ги заменат употребените компоненти досега на база на нафта. Во модерните гуми, околу 80% од материјалот доаѓа од нафта. Michelin предвидува дека кон 2048 овие ставки ќе се намалат до 20%.

„Дрвјата растат насекаде,  а со новата идеја даваме можност на секој да ги искористи локалните ресурси, кои покрај тоа се и рециклирачки“, вели Роже.

Во плановите за иднината, Мichelin гледа не само на гуми со струготини, туку и на гуми, кои ќе можат да се возат целиот животен век на автомобилот. Од компаниите веруваат дека процесот на 3D принтање ќе направи револуција на производстовот на гуми.

Денес сопствениците на автомобили ги менуваат гумите после трошењето на шарите, а во иднина 3D принтерите ќе можат да ги поправаат шарите и после нивното трошење. Роже смета дека еден ден станиците за полнење на електромобили ќе бидат опремени со 3D принтер, кој ќе може да ги поправа уништените шари додека се полнат батериите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK