Mercedes објави историски филм: Како Берта Бенц стана првиот возач (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Фактот дека Карл Бенц е создавач на првиот автомобил во светот е сè поизвесен. Станува збор за возило со името Patent-Motorwagen, кое се смета за пионерско возило во историјата.

Неговиот изум ќе останеше незабележан доколку неговата сопруга Берта Бенц не преземеше иницијатива за да го промовира. Со најдиректниот можен маркетинг пристап, таа го зема првото подолго патување низ светот. Остатокот како што велат е историја.

Овој значаен момент за целата индустрија е овековечен во ново кратко видео, создадено од страна на американскиот дел на Mercedes-Benz.

Во него се открива еден од најлегендарните моменти од патувањето – мигот, во кој Берта ја користеше својата облека за да успее да го спречи истекувањето на течноста за ладење.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK