The Archaeologist: The Harley Davidson Spirit (PRNewsfoto/The Archaeologist)

Купете си џин со делови од Harley Davidson (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Првата серија е веќе распродадена, иако цената на едно шише чинеше 900 евра. Веќе се примаат нарачки за втората серија. Официјално пијалокот се вика The Archaeologist и во шишињата има разни делови од мотоциклите Harley како што се мотори од 1939, 1947 и 1962 година.

Ако имате добра идеја сигурно можете и да заработите. Колку и да ви изгледа тешко, па можеби и лудо, за се што ќе се смисли постои начин истото да се реализира и да се продаде. Така е и со пијалокот џин, што се продава во шишиња каде има делови од мотоцикли Harley.

Не треба да се грижите околи нечистотијата на деловите, бидејќи истите се исчистени со специјална течност и се дезинфицирани.
Секое шише има рачно поставен жиг на тапата, и сериски број на делот што се наоѓа внатре. Купувачите добиваат и специјално рачно направена кутија со хартија на која има испечатено податоци за делот, и тоа на печатарска машина Heidelberg Tiegel od 1931 година.

Изгледа лудо, но вистинито.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK