Крш и `рѓа, а нудат 10.000 долари (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

На аукција на еBay секогаш може да се најдат интересни, а понекогаш и чудни работи. Цените зависат од наддавањата, а не ретко сумите се многу високи со оглед на изгледот и состојбата на она што се продава. Така е случајот и со овoj VW ван. Кога ќе го погледнете ви станува јасно дека тоа е само куп железо и крш. Но, некои не мислат така.

Прво, оној што го ставил на продажба верувал дека ќе најде некој што би бил заинтересиран да го купи. Овој ван со 23 прозори во моментов не е во возна состојба, речиси е целиот пропанат, зарѓан. Се разбира дека доколку би бил реставриран може добро да се продаде.

Сепак прашање е дали некој тоа може д аго направи со оглед на состојбата во која се наоѓа. И пазарот на вакви реставрирани возила е во опаѓање.

Она што е интересно е дека во моментов трае аукција за вакво возило, и дека моментната сума што е понудена е 10.000 долари. Остануваат уште два дена до затворање на аукцијата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK