Краш тест: Нова Ford Fiesta vs стара Fiesta

ОБЈАВЕНО НА:

Колку новите автомобили се побезбедни односно колку старите автомобили се небезбедни? Одговорот на ова прашање може да се добие во следното видео каде во директен судир се соочуваат нова и стара Ford Fiesta.

Главни актери на овој краш тест е Ford Fiesta од 1998 година и автомобил од последната генерација на Fiesta која е за 20 години понова. Со цел да се одговори на поставеното прашање, овие два автомобили се судираат директно при брзина од 64 км/ч.

Од видеото може да се заклучи дека каросеријата на постарата Fiesta толку многу се деформира при судирот што постои огромен ризик од фатални повреди на возачот и останатите патници во возилото. За разлика од старата, новата Fiesta одлично го апсорбира ударот што се одразува во тоа што овозможува висока безбедноста за патниците.

Во насока на ова е и фактот што новата Fiesta на краш тестот на EuroNCAP забележа одлични перформанси во однос на безбедноста на возачот, патниците и околината.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK