Колку багаж може да пренесе еден Mercedes C-Class? (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Кога ќе видите автомобил кој е претоварен тогаш добивате веднаш асоцијација за глетка која може да се види во некоја од сиромашните земји, а тоа е најмногу карактеристика за земјите од Африка и од Азија. Сепак, може да се сретне и во Источна Европа. Станува збор за старо возило чиј сопственик не е особено загрижен за состојбата на истото. Сепак, во оваа ситуација се работи за Mercedes-Benz C-Class, затекнат на патиштата низ Германија.

Комбито било запрено од полициска патрола на магистралата А8 во близина на Лудвигсхафен во 5:45 часот наутро. Полицајците добиле пријава од страна на граѓаните коги го виделе претходно претоварениот Mercedes и побрзале да ги известат органите на редот.

Самите полицајци останале изненадени од изгледот на автомобилот. Над багажникот на кровот имало дрвени плочи, два реда на гуми и неколку детски велосипеди. Сепак, тоа не е сè бидејќи над велосипедите на багажникот се натоварени и пијано и стол за канцеларија. Интересно е тоа што според производителот ова возило може да издржи товар до 60 килограми, а само пијаното тежи повеќе од 100 килограми.

Вкупната тежина на товарот била 400 килограми. Зад воланот се наоѓал 46-годишен Романец, кој на сето ова багажот го немал добро прицврстено и во секој момент можел да се растури на патот. Возачот објаснил дека се селел во нов дом, а камионот кој го порачал не ги собирал сите предмети.

На крајот Романецот бил казнет со 95 евра поради опасен превоз и нема да може да заштеди од тоа што не порача и втора тура за камионот.