Кинезите имаат робот што паркира автомобили (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Паметните автомобили добиваат конкуренција за паркирање. Иако поголемите автопроизводители развиваат системи за автоматско управување на возилата, кои имаат технички можности и да детектираат слободно паркинг место и самостојно да го паркираат возилото, кинеската компанија „Hikvizion“ одлучи паркирањето на автомобилот да го препушти на робот.

Идејата за робот произлегува поради потешкотиите кои Кинезите ги имаат при паркирање на возилото, односно, потрагата по слободно паркинг место во гаража или на отворен паркинг понекогаш може да потрае, а со тоа и возачот губи скапоцено време.

„Hikvizion“ со новиот систем за роботизирано паркирање овозможува возилото да го паркира роботот. Возачот треба да го внесе возилото во гаражата или да го остави на приемното место, да види кој е бројот на паркинг местото и на тач-екранот да стисне ОК. Под приемното место, кое всушност е сива платформа, се наоѓа портокаловиот робот кој возилото ќе го одвезе до слободното паркинг место.

Роботот може да се движи напред и назад, да се врти во круг, како и да се разминува со други роботи со платформи на кои има возила.
Штом ја паркира платформата со возилото, роботот се враќа по нова платформа со возило.

Возачот кога ќе се врати на тач-екранот го внесува паркинг местото, го плаќа паркингот, а роботот го носи возилото на излезот од гаражата.

Паркинг роботот сѐ уште не е пуштен во комерцијална употреба и се уште се работи на негово доусовршување.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK