Кампања во Турција: Откажи се од пушење и децата ќе добијат велосипед

ОБЈАВЕНО НА:

Во турскиот град Килис има несекојдневна кампања, преку која децата чии родители престанале да пушат, добиваат велосипед. Оваа турската општина додели велосипеди за 500 деца, откако барем еден од нивните родители се откажал од пушењето. Досега биле поделени вкупно 11.500 велосипеди.

Имало и свечената церемонија на доделување на велосипедите што се одржала на локалниот стадион каде што се собраа голем број деца и нивните родители.

Кампањата се одржала под името „15 илјади велосипеди за 15 илјади домови“, е да се мотивираат што е можно поголем број граѓани да престанат со пушење.

Градоначалникот на Килис, Хасан Кара изрази надеж дека дека наскоро ќе бидат поделени и преостанатите 3.500 велосипеди.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK