Како самите да си направите Ferrari (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Мексиканецот Хозе Фернандез и екипата на специјалисти од The Creative Workshop, направија уникатно Ferrari. Автомобилот е направен во стилот на италијанскиот дизајнер Џовани Микелоти, а идејата се родила во главата на Хозе уште пред повеќе од 50 години.

Историјата почнува кога во 60-тите години на минатиот век Хозе доаѓа до една фотографија на Type 250 Europa Sports Coupe со каросерија Vignale. Автомобилот толку му се допаѓа што тој за 48 часа прави макета на автомобилот од дрво.

Неколку години подоцна Хозе наоѓа дополнителна информација во списанијата Cavallino и Road & Track и го преработува дрвениот модел. После тоа одлучува да направи сопствено Ferrari, а користи делови од Ferrari 330 и прави мали измени на каросеријата на Микелоти.

На тој начин спортскиот автомобил станува малку подебел и поширок, а одзади се појавува багажник. Во 2000 година прави нов модел, но овој пат од пена и пластмаса, а во моментот кога почнува да работи на вистински автомобил мора да го прекрати проектот. Тој успева да го обнови во 2015 година со помош на The Creative Workshop.

Каросеријата на 330GT Speciale е направена рачно од алуминиум, а оригиналната шасија и четирилитарскиот V12 мотор од 330GT се доста модификувани. Моќноста на агрегатот е 286 коњски сили, а максималниот вртежен момент е 325 Нм.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK