Како ќе изгледа контролната табла за една деценија?

ОБЈАВЕНО НА:

Развојот на автомобилите не носи само новитети во однос на развивањето на моторите туку и новитети во изгледот на внатрешниот дел. Една таква идеја е презентирана и со изгледот на контролната табла која што е далеку поголема од сегашните.

Претпоставките се дека во иднина производителите ќе се фокусираат многу на внатрешниот изглед особено на делот каде што се поставени контролните елементи. Повеќе нема да има копчиња и прекинувачи така што сето тоа ќе биде поставено на едно место.
Делот за мерење на брзината, навигацијата… ќе бидат поставени на големиот екран.

Како што може да се забележи од фотограиите идејата е на екранот на левата страна да бидат индикаторот за брзина, километражата, опсегот, насочувањето и контролата на патувањето, како и радио. На десната страна ќе стои голема мапа која зафаќа ист простор како медиумската секција каде можете да го гледате омиленото ТВ-шоу.

Сето ова е само идеја, а може да се забележи дека истото се очекува за нешто помалку од една деценија. На фотографијата е забележан датумот 26 јуни 2024 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK