Каде на одмор? Најдобрите 10 градови за викенд патување

ОБЈАВЕНО НА:

Сѐ повеќе луѓе викендите ги минуваат со семејствата надвор од местото на живеење, а тоа станува и честа појава и за Македонците. За нас најблиска дестинација се градовите покрај езерата и морињата во околината. Грција сѐ уште е најатрактивната дестинација. Но, имам и многу други места кои со малку подолго возење може да бидат одлична дестинација за краток викенд одмор.

WeekendGo ги рангираше 100-те најдобри места за одмор за време на викендот. За да се одредат критериумите за истражување, биле разгледани сите фактори кои би можеле да влијаат на патувањето во текот на викендот, како што е времето поминато во сообраќајот, можностите за сместување, велат од интернет страницата.

Бидејќи различни видови патници бараат различни видови атракции, истражувањето нуди заедничка класификација и резултати по одделни критериуми за да покаже кои градови се најсоодветни за младите и за семејни одмори. Бројот на главни туристички атракции, како што се музеи и галерии, е вклучен во студијата, а фактори како што се безбедноста, еднаквоста и толеранцијата се земени во предвид. Со пресметување на сите резултати, конечниот индекс е создаден на најдобрите градови за време на викенд.

Се разбира, близината на секое место до местото на живеење е од голема важност. Но, генерално, оваа студија е дизајнирана да ги потенцира оние градови низ светот кои нудат лесен пристап до избраните критериуми во текот на 48-часовен период, според WeekendGo.

Еве кои градови спаѓаат во Топ 10:
10. Мадрид – Шпанија
9. Барселона – Шпанија
8. Минхен – Германија
7. Њујорк, САД
6. Амстердам, Холандија
5. Париз, Франција
4. Хамбург, Германија
3. Виена, Австрија
2. Берлин, Германија
1. Лондон, В.Британија

Целата листа на 100-те градови можете да ја видите тука.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK