Ја следела навигацијата завршила на пруга

ОБЈАВЕНО НА:

Полицијата од Дукејн во Пенсилванија објави фотографија на автомобилот кој го затекна на железничката пруга во тој град. Како што е соопштено, возилото завршило на шини бидејќи жената која го управувала, наводно, ги следела упатствата на навигацијата која ја насочила директно на пруга.

Образложението на госпоѓата било многу сомнително за полицијата, но се покажало дека таа е трезна и дека нема никакви здравствени проблеми кои би влијаеле на нејзиното однесување во сообраќајот.

После сè единствено што им останало било да и напишат казна поради неодговорно возење додека нејзиниот автомобил бил однесене од местото.

Полицијата ја нема наведено возраста на жената возач, а се шпекулира дека станува збор за постара личност која можеби поради забуна се нашла на железничката пруга.