Испорачан првиот Lamborghini Centenario вреден 1,75 милиони евра

ОБЈАВЕНО НА:

Суперавтомобилот Lamborghini Centenario што треба да биде произведен во ограничена серија од само 40 возила го доби првиот сопственик, колекционер од ОАЕ. Она што е интересно е дека цената на еден примерок од овој автомобил е 1,75 милиони евра.
Сите 40 возила што треба да се произведат се веќе резервирани за познати купувачи.

Возилото ќе има и улога во следниот филм на „Transformers: The Last Knight“.

Centenario беше промовиран на 100 годишнината од раѓањето на Ферукио Ламборгини, основачот на Lamborghini и беше претставен на саемот во Женева 2016 година. Меѓу 40-те најавени модели што треба да бидат произведени ќе бидат поделени меѓу купе и кабриолет верзии. Кабриолет верзијата првпат беше претставена во Монтереј во 2016.

Иако се базира на моделот Aventador, овој Centenario всушност е друг „ѕвер“. Меѓу другите квалитети тука е и единствениот мотор со 759 КС, што е верзија на оној 6.5 литарски V-12 мотор од Lamborghini, со погон на сите тркала и тачскрин дисплеј на централната конзола.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK