Имате Porsche Cayenne и мислите дека можете секаде да паркирате?

ОБЈАВЕНО НА:

Имате Porsche Cayenne и мислите дека можете секаде да паркирате? Воопшто така не мисли еден возач на FedEx.

Имено, на интернет се појави видео од Холандија во кое главната улога ја има возач на FedEx и непрописно паркиран Porsche Cayenne. Возачот на SUV возилото го паркирал својот автомобил на недозволено место додека во меѓувреме пазарел од околните продавници. За негова несреќа, камион од FedEx обидувајќи да го заобиколи, со задниот дел го закачи возилото по што го влечеше неколку метри.

Целиот случај е снимен од страна на возач кој возел зад камионот, а со поставувањето на YouTube сајтот испрати одлична порака за сите оние кои не ги почитуваат сообраќајните правила, пред се во поглед на паркирањето.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK