Ѓубрaџии уништија 9 паркирани возила (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Неверојатна несреќа се случи во Бруклин, Њуjорк, откако возилотo на локалното претпријатие за комунални услуги во целост уништи девет паркирани возила и турна неколку дрва. Инцидентот се случи во попладневните часови кога возач на камион, од за сега не утврдени причини изгубил контрола врз камионот и со голема брзина удрил во паркираните возила.

“Отидов да видам што се случува. Го прашав возачот што се случи и како изгуби контрола на камионот. Не одговори ништо. Излезе и почна да бега” изјави сведок на овој настан.

За возачот е покрената пријава за несовесно возење, напуштање на место на несреќа и одбивање на алко тест, меѓутоа тој по плаќањето на кауцијата од 5.000 долари е пуштен на слобода.

За среќа, нема пријавени повредени, а причинета е релативно голема материјална штета.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK