ФОТО: Pontiac маскиран во Aventador

ОБЈАВЕНО НА:

Слободно време, гаража и Pontiac GTO, ова е неопходно и сосема доволно доколку сакате да поседувате Lamborghini Aventador.

Имено, засега непознат американец на Craigslist огласи реплика од Lamborghini Aventador со “душа” на Ponntiac GTO од 2004 година.

Овој автомобил кој се продава за цена од 22.500 американски долари, освен екстериерот кој содржи бројни детали од Lamborghini Aventador, а кој димензионално е доста помал, во целост содржи оригинални делови од Pontiac GTO.

Под хаубата содржи 5.7 литарски V8 мотор со 350 КС кој доаѓа со автоматски менувач што е доста послаб од оригиналниот 6.5 литарски мотор кој го користи Lamborghini Aventador.

Токму и моторот наместо на задниот дел останува на предниот дел односно под хаубата, а сопственикот се гледа дека има посветено големо внимание на деталите, па така има речиси идентични преди и задни стоп светла, заден спојлер, маски за ладилниците на моторот и слично.

За разлика од овој креативен Американец, што се вие можете да направите со вашиот автомобил и во кој спортски автомобил можете да го претворите?

Следете не и на:

24AUTO NETWORK