„Фиќо фест“ во Сараево: Стотина учесници за 63. роденден

ОБЈАВЕНО НА:

Олимписко Сараево на 28 јули ќе биде домаќин на голема манифестација на која ќе се појават голем број на возила „Фиќо“. Називот на манифестијата е „Fiat-Fićo Festa“, а се одржува по повод 63 роденден за многумина најдрагиот автомобил во поранешна Југославија.

Организаторот на 2. Меѓународен Фиќо фест е „Здружението на автомобилите Фиќо“ од Сараево, а веќе е најавено учество на стотици возила и возачи. Велат дека бројот ќе биде и поголем бидејќи се јавувале вљубеници и сопственици, но со ограничен простор и технички услови.

После планираното дефиле на возилата низ Сараево централната манифестација е од 11 до 16 часот, а автомобилите ќе бидат изложени на платото во популарната „Баш чаршија“.

Ако имате возило можете да се пријавите. Ако имате време, можете да ја посетите манифестацијата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK