Ferrari старо 60 години го продаваат за 8 милиони долари

ОБЈАВЕНО НА:

Следната година ќе почне со аукција од Gooding & Company во Скотсдеил, која ќе биде организирана во Аризона, а на продажба ќе биде поставен исклучително посакуван спортски автомобил произведен пред околу 60 години. Се работи за Ferrari 250 GT Series I Cabriolet  кој е изработен во Pininfarina. Со оглед на тоа што се работи за посебен примерок за него се очекува да бидат заработени не помалку од 8 милиони долари.

Автомобилот е произведен во 1958 години, а е претставен на саемите за автомобили во Торино и во Њујорк. Неговиот прв сопственик бил членот на кралското семејство од Саудиска Арабија, принцот Мохамед бин Фајзал, кој го купил автомобилот за време на посетата на САД.

Во последните 40 години колата била во колекцијата на Џон Клинард, кој успеал да ја врати во првобитна состојба и оригиналниот изглед. Спортското ферари е со светло-зелена боја, додека внатрешноста е со црвена кожа.

Од овој модел на Ferrari e произведен само 41 примерок.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK