Ferrari F430 што го возел Доналд Трамп се продава на аукција

ОБЈАВЕНО НА:

Сега кога Доналд Трамп стана претседател на САД, многумина кои што поседуваат негови поранешни работи или предмети се обидуваат да добијат поголема цена.
Само неколку денови откако поранешниот автомобил што го користел Трамп, Cadillac limo беше понуден на аукција, сега се појавува нов автомобил, Ferrari F430 кој бил купен во 2007 година од Трамп. Дури постои и писмен доказ дека ова возило навистина било во сопственост на новиот претседател на САД.

Трамп го поседувал автомобилот малку, до 2011 година и има минато само 3.862 километри. Потоа овој италијански супер автомобил бил продаден и завршил кај нов сопственик. Неговиот втор сопственик добро се грижел за возилото, а тоа го покажува состојбата на возилото, па иако ќе слави десет години има изминато само 9.656 километри. Особено внатрешноста е беспекорна.

Првичната сума за која ќе биде понудено ќе се движи меѓу 250.000 и 350.000 долари. Аукцијата е закажана за 1 април, и возилото се продава со сите негови оригинални делови како упатства за ракување, заштитна прекривка итн.

Според аукциската куќа ова веројатно е прв супер автомобил што бил поседуван од претседател на САД, и поради тоа може неговата вредност да биде зголемена.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK