Еволуцијата на Peugeot автомобилите од 1893 до денес (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Peugeot е формирана во далечната 1810 година во францускиот град Сошо. Оваа година, Жан Пјер Пежо и Жан Фридрик Пежо го ставаат камен темелникот, на подоцна најголем француски производител на автомобили.

Овие години, односно до периодот 1893 година, Peugeot произведувале кафе и пипер, а подоцна со реорганизација на компанијата започнале да произведуваат велосипеди, чадори и слични производи.

Сепак, историјата во сферата на автомобилската индустрија започнува во 1893 година кога Peugeot започнува со производството на моделот Type 1. Најзаслужен за тоа е Арманд Пежо кој три години претходно во разговор со Готлеб Дајмер ја добил инспирацијата за производство на автомобили.

Од оваа година па се до денес, овој француски производител лансираше бројни модели, а пет од нив ја добиле наградата за “Автомобил на годината” во Европа. Историскиот развој на автомобилите на Peugeot можете да го погледнете на видеото погоре.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK