EuroNCap: И покрај повторениот тест Panda и Wrangler се небезбедни возила!

ОБЈАВЕНО НА:

Катастрофални резултати остварија Fiat Panda и Jeep Wrangler на повторните краш тестови на EuroNCap тестот освојувајќи 0 односно 1 ѕвезда.

Најпродаваниот мал градски автомобил на Fiat, моделот Panda влезе во историјата на EuroNCap неосвојувајќи ниту една ѕвезда. Овој автомобил е апсолутно небезбеден, а во таа насока одат и 45% остварени перформанси во поглед на безбедноста на возрасните, само 16% безбеднос на децата, 47% безбедност на пешаците и само 7% безбедносна асистенција.

Во насока на овие резултати оди и фактот што овој модел е најстар во актуелната понуда на Fiat, па оттука се базира на старата фијатова платформа користејќи застарени безбедносни системи.

Малку подобри резултати оствари Jeep Wrangler освојувајќи само една ѕвезда со што е најнебезбедниот автомобил во понудата на американскиот производител. Во однос на безбедноста на возрасните овој автомобил оствари скор од 50%, 69% во однос на децата, 49% во однос на пешаците и само 32% во однос на безбедносната асистенција.