Дивееле на пат – а што им направи полицијата?

ОБЈАВЕНО НА:

Неодговорни возачи постојат секаде, и нивното однесување е многу слично, се тркаат на јавни патишта, возат со голема брзина, не ги почитуваат сообрачајните знаци, ја загрозуваат безбедност на учесниците. Разликата е што не секаде постојат исти или слични мерки за нивно превоспитување.

А како на пример со ваквото однесување се справуваат во В.Британија. Едноставно – им ги одземаат возилата, па кој сака нека продолжи со таквото возење.
Тоа се случило и неодамна кога биле запленети три ексклузивни спортски возила, на автопатот меѓу Лондон и Лидс.

Полицијата како причина за тоа го навела како „возење спротивно на обичаите и добите намери“. А пленот бил навистина скап: McLaren 570S, Lamborghini Aventador и Ferrari. Трите момчиња прво го забавувале сообраќајот, а потоа откако ќе имсе отворел слободен простор почнувала трката.

А како биле откриени? Па откако истото го повториле неколкупати некои возачи што биле зад нив повикал еполиција. Потоа биле сопрени, а возилата запленети.

Можеби ова е лекот и за кај нас, за оние ноќни улични трки, и неодговорните возачи што во градски услови возат како на трка.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK