Дискриминација или реалност: Поголеми паркинг места за жени во кинескиот град Шенјанг

ОБЈАВЕНО НА:

Паркинг места со поголеми димензии резервирани само за жени, одлучија да воведат кинеските власти од градот Шенјанг, потег кој многумина во светот ќе го оценат како сексистички.
Нестандардните паркинг места се воведуваат како решение за проблемот што го имаат со жени на кои им е потребно повеќе простор за да го паркираат автомобилот.

Паркинг местата резервирани само за жени не се само пошироки и подолги од стандардните. Односно покрај зголемените димензии 7,2х3,5 метри наспроти вообичаените 6х2,5 метри, местата се нагласени со розова боја и означени со знак кој се преведува со „Божица“.

parking-za-zeni-vo-kina

На улиците во Шенјанг моментално има резервирано 10 места за жени возачи, за кои важат истите цени како и за стандардно паркинг место, но се под зголемен мониторинг со камери и од страна на обезбедувањето за да спречат мажи да се паркираат на местата.

Поголемото паркинг место треба да ги намали жалбите кои властите ги добивале дека поради малите паркинг места, додека жените паркирале, страдале и фелните на возилата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK