Би дале ли 1 милион евра за камп приколка (Фото + Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Сѐ повеќе луѓе сакаат своето слободно време наменето за одмор да го искористат во природата и да користат камп приколки или кампери. А тие понекогаш се поскапи и од домовите во кои постојано живееме, но го имаат истиот па дури и поголем комфор, спакуван на мал простор.

На Меѓународниот изложба на каравани во Дизелдорф беа изложени повеќе од две илјади кампери. Најраскошен од нив беше Volkner Perfornace S со цена од речиси 1,5 милиони евра, што го направи и најскап на изложбата што траеше од 26 август до 3 септември. Основната цена на камперот е 989.000 евра, а остатокот е наменет за луксузни опции.

Што добива сопственикот на овој автомобил за вашите пари? Вистинска палата на тркала со должина од 12 метри. Кога сте паркирани од левата страна излегува дополнителен дел што го проширува просторот за живеење. Салонот располага со прекрасен мебел од скапоцени раси на дрво, голем ЛЕД умен телвизор, удобни софи, огромна кујна, бања и тоалет. Посебно внимание се посветува на спалната соба каде што има луксузен кревет со димензии 2,0 x 1,8 м.

Volkner Perfornace S има вкупна маса од речиси 18 тони и е управувано од турбодизелски мотор на Mercedes-Benz или на Volvo, со моќност 430 или 460 КС, кој се наоѓа во задниот дел.

Возилото има резервоар за чиста вода од 950 литри и 650 литри за употреба, како и 350 литри резервоар за тоалетот. Удобноста на собите е обезбедена од три климатизери, како и автономно греење. Се користи акумулатор од 1.700 ампер часови за напојување на сите системи, како и соларни ќелии со моќност од 1.200 kW.

Ако саката со камерот да заминете на одмор, а притоа саката да патувате некаде на вечера на пример и за тоа има решени. Volkner Perfornace S има и гаража монтирана под подот во рамките на меѓуоскиното растојание. Ова е патентиран од компанијата Volkner Mobile. Тука, на пример, може да влезе Porsche или Mini Cooper кабриолет.

Па, кој има пари, и сака да биде различен, ова е шанса.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK