Баба во Франција „бришкала“ со 160 км/ч

ОБЈАВЕНО НА:

Полицијата во местото Лот е Гарон во Франција запре Renault Twingo кое се движело со брзина 160 км/ч во на меѓуселски пат каде ограничувањето е 80 км/ч. Главното се случило откако го легитимирале лицето кое е зад воланот, а таму ги чекал вистински шок бидејќи возилото било управувано од страна на 86 годишна дама.

Таа оправдување за големата брзина дале во тоа што се брзала, а други учесници во сообраќајот сведочеле дека бабата минувала на црвено, не застанувала на знакот СТОП, а воедно и не почитувала ниту едно друго правило во сообраќајот.

После проверката станало јасно дека возрасната жена многупати била казнувана за преголема брзина, но тоа веќе нема да се случува. Таа е веќе без возачката дозвола, а ќе мора да плати и висока парична казна.

Сепак, оваа бабичка не може да се мери со нешто помладата Белгијка. Минатото лето 79-жена од Белгија беше казнета со 4.000 евра и ја загуби возачката дозвола за три месеци. Таа беше фатена како своето Porsche Boxster GTS го управува со брзина од 238 км/ч.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK