Австријци направија електрично противпожарно возило (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Австрискиот Kreisel Electric заедно со компаниите Rosenbauer и Linz AG изработи противпожарно возило со електричен мотор. Направен е на база на Mercedes-Benz Sprinter, а располага со блок батерии со тежина од 620 килограми.

Акумулаторите се со 86 КWh и со нив возилото може да измине 160 километри со едно полнење. Електричниот мотор има моќност од 163 коњски сили.

Kreisel Electric е позната и по еколошките и другите нетрадиционални проекти. Австријците поставија електричен мотор на класичниот спортски прототип Porsche 910 и со него успеаја да постигнат брзина од место до 100 км/ч за само 2,5 секунди.