Авиони, возови, спејс шатл: Што се СУВ возилата влечеле, и какви рекорди се постигнати

ОБЈАВЕНО НА:

Поставувањето на новиот рекорд на Porsche Cayenne со влечењето на Airbus A380 и тоа 42 метри на 285 тони тешкиот авион го отвори и прашањето кои биле претходните рекорди и возила што успеале да постават некој сличен рекорд.

На новиот светски рекорд Porsche покажа дека има доволно моќно возило што може да се справи со авион Airbas A380 долг 72 метри.

Но пред овој рекорд имало и други успешни. Некои влечеле авиони, некои вагони, спејс шатл, џиновско знаме…

Еве ги најинтересните рекорди…

* Volkswagen Touareg – Boeing 747
Овој потфат го направи британската емисија Fifth Gear, а 150 тона тешкиот авион беше влечен од страна на VW Touareg V10 TDI.

 

* Nissan Patrol – Ilyushin IL-76
Станува збор за руски карго авион долг 50 метри што беше влечен од Nissan

 

* Land Rover Discovery Sport – воз тежок 100 тона
Потфатот датира од 1989 година, кога новиот Discovery Sport влечеше воз тежок 100 тона и тоа повеќе од 10 км. во Швајцарија. Освен специјални тркала за шините, немало никакви други специјални модификации на СУВ возилото.

 

* Land Rover Range Rover – приколка 6.000 км.
Можеби не е толкуимпресвен рекорд како претходните, но со оглед на должината и условите вреди да се спомене. Во 2013 година Range Rover влечеше 2.399 кг. тешка приколка од В.Британија до Мароко и назад и тоа за 11 дена. Секој ден возилото ја влечело приколката најмалку 12 часа.

 

* GMC Sierra – приколка со брзина од 227 км/ч
Ова е гинисов рекорд за најбрзо влечење на приколка. во 2006 година GMC Sierra 2500 имала сериозни модификации за да може да ја постигне брзината од 227 км/ч. Имале турбо мотор со 1.300 КС.

 


* Toyota Tundra – Space Shuttle
Кога спејс шатлот Endeavor требало да се помести од до неговот место за конечно застанување во научниот центар во Калифорнија, Toyota одговорила на предизвикот. Во 2012 година, моделот Tundra CrewMax 4×4 го направиле тоа додека спејс шатлот бил на специјална подлога. Патувањето било повеќе од 16 км. од Лос Анџелес меѓународниот аеродорм до научниот центар, на јавни патишта а шатлот тежел речиси 150 тона. Автомобилот што бил користен за влечење сега се наоѓа во Научниот музеј во Калифорнија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK