Американците стануваат подебели – краш тест куклите поголеми (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

За да се добие информација што се случува во возилото при судар и да се подобри безбедноста производителите користат кукли кои треба да ги заменат луѓето. Врз основа на добиените информации се воведуваат нови мерки, се подобруваат безбедносните системи во возилата.

Но, не е лесно кога луѓето стануваат постари и подебели, а куклите што се користат не се менуваат.

Производителите на кукли за краш тестирања почнуваат да размислуваат и на ова. Во САД каде се полагаат многу напори за подобрување на безбедноста на патниците веќе изработуваат и нов тип на кукли кои ја рефлектираат вистинската систуација со изгледот на патниците. Постојат кукли кои треба да бидат слични на постарите луѓе, но истовремено и подебели.

Американците се нација каде има најголем проблем со дебелината на луѓето и тоа се пренесува и на другите сфери во живото, вклучувајќи ги и краш куклите. Сега постои барем една компанија што произведува вакви кукли, што вклучува и прототип на 70 годишна дебела жена, но и уште еден друг прототип што има 124 кг. што е за 45 кг. повеќе од претходниот модел.

На тој начин ќе може да се добијат подобри резултати при тестирањата. Во спротивно ако се игнорира фактот за стареење на нацијата и сѐ поголемиот број повозрасни возачи, но истовремено и подебели може да има сериозни повреди.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK