Алуминиумски фелни: за или против?

ОБЈАВЕНО НА:

Алуминиумските фелни полека, но сигурно, ги заменуваат традиционалните бандажи и популарните раткапни. Денес, речиси и да нема автомобил без алуминиумски фелни, а поради естетската привлечност тие се составен дел и од многу постари автомобили.

За алуминиумските фелни како составен дел од автомобилот како и за се останато поврзано со автомобилите, има бројни аргументи за нивното користење, но и против користењето. Истите се прикажани во продолжение, а вие одлучите дали би ги користеле или евентуално отстраниле од вашиот автомобил.

АРГУМЕНТИ ЗА

  • Дава посебна убавина на автомобилот
  • Ја смалува вкупната тежина
  • Ја подобрува стабилноста
  • Подобро ја спроведува топлината
  • Подобро ги лади дисковите
  • Го намалува ризикот од оштетување на трапот

АРГУМЕНТИ ПРОТИВ

  • Значително поскапи од челичните
  • Често бараат вградување на гуми со ниски профил
  • Го отежнуваат маневрирањето и паркирањето, а воедно ја зголемува веројатноста од оштетување
  • Поради зголемената ширина, се забрзува трошењето на гумата