Ако затреба: Армијата ќе може да одзема лични возила

ОБЈАВЕНО НА:

Министерството за одбрана на Русија подготвува закон, кој ќе и дозволи на војската да одзема лични автомобили во случај да биде воведена воена состојба. Уште од времето на армијата на СССР се води регистранција на секој нов руски СУВ автомобил или камион, за да може да биде мобилизиран доколку има потреба, но сега вооружените сили сакаат да добијат контрола и на сите превозни средства.

До пред неколку години секој Русин кој имаше купено ВАЗ-2121 или УАЗ беше должен да ги предаде податоците за превозното предство во подрачната воена единица. Подоцна тоа задолжение беше отфрлено бидејќи автоматски се испраќаа информации. Војската не е заинтересирана за увезени автомобили бидејќи во случај на војна наоѓањето на резервни делови може да биде проблем.

Новиот закон предвидува регистрација на сите возила од категоријата М1, во која се наоѓаат апсолутно сите лесни автомобили. Тоа значи дека Министерството за одбрана на Русија може да користи како компактни хечбек возила, како на пример Kia Rio, така и луксузни СУВ-возила како Volkswagen Touareg.

Идејата е војниците да можат да се движат максимално брзо додека со оружјето се снабдуваат од нивните складови. Личните возила нема да се користат во зони на воени дејствија. Возилата кои ќе бидат земени од цивилните лица ќе им бидат вратени на сопствениците, а тие ќе можат да побараат надоместување за направените штети додека биле користени од армијата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK