Ако имате пари: Возила од музејот на Citroen на продажба

ОБЈАВЕНО НА:

Од 10 декември натаму стартува продажбата на вкупно 65 автомобили од историската колекција на Citroen. Музејот во кој има над 700 возила од сите епохи на овој начин сака да се ослободи од дел од возилата пред да почне преселбата од Olne-su-Boa во новиот комплекс на PSA во Сошо, кој се вика L’Aventure Peugeot Citroen DS.

Парите коишто ќе бидат добиени од аукцијата на интернет ќе бидат инвестирани во реновирањето на ретки возила од минатото со цел колекцијата да биде збогатена пред славењето на 100-годишниот јубилеј во 2019 година.

Сите коли коишто ќе се најдат на продажба се дупликати во збирката, па Citroen на овој начин нема да ја оштети својата колекција. Некои од нив се прототипови или немаат број за идентификација што знаци дека нама да можат да бидат регистрирани и ќе служат само како експонати.

Список на возилата и информации има и он лајн.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK