ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Автомобил во лет се заби во автобус со патници

ОБЈАВЕНО НА:

Секојдневно на патиштата сме сведоци на бројни сообраќајни несреќи кои настануваат, во најголем дел, поради невнимание и не почитувањето на хоризонталанта и вертикалната сообраќајна сигнализација.

Во насока на предупредување на можните последици од пребрзото возење, во продолжение ви прикажуваме видео од страотна сообраќајна несреќа која пред околу една година се случи во Јапонија. На видеото може да се забележи како автомобил на автопат од спротивната лента преку заштитната преграда во лет се забива во патнички автобус.

Како што пренесоа јапонските медиуми за оваа сообраќајна несреќа, на лице место загинал возачот на автомобилот, а сите 42 патници на автобусот, вклучувајќи го и возачот се здобиле со телесни повреди.

Нека видеово биде причина плус зошто е потребно да ги почитувате сите сообраќајни правила, без исклучок.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK