Возилата што ги имаше Фидел Кастро во гаражата

ОБЈАВЕНО НА:

„Ел команданте“ за разлика о дмногу државници не бил голем љубител на автомобили, но во гаражата имал солидна колекција на интересни возила.
Од Ford и Oldsmobile, па до Британски Land Rover. Откако дојде на власт во 1959 година, покажа заинтересираност за производите на Mercedes Benz. Но првиот автомобил на Фидел Кастро бил Ford што му го подарил неговиот татко додека овој студирал во Хавана во 40-те години од минатиот век.

Автомобилите што ги имал по правило биле подароци од лидерите на бивша СССР и други сојузници. Тој најмногу ги сакал кабриолетите, бидејќи климата во Куба е топла, па повеќе преферилал отворени возила.

fidel

Таков е кабриолетот ЗИЛ-111В што му бил подарен во 1963 година при неговата посета на СССР. Возилото имало моќност од 200 КС и многу наликувал на американскиот Packard. Фидел често го користел и кабриолетот ГАЗ-13 Чаика при неговите посети на СССР. тоа му било подарок од Никита Хрушчов.

Уникатната снежно бела Tatra T603 не е кабриолет, но специјално за Кастро била опремена со клима уред.

Во гаражата на Кастро имало и италијански aвтомобил – Alfa Romeo 1750. Армискиот џип ГАЗ-69 долго време бил секојдневно возило на Фидел Кастро. Идеално возило за лошите предели и тешко достапни краишта при неговите патувања.

fi

Меѓу оние што му дале подарок бил и Леонид Брежњев и тоа ГАЗ-14 Чаика, со клима, автоматски менувач, телефон и осумцилиндричен мотор со 220 КС. Сега тоа возило е туристичко такси во хавана.
Моделот Mercedes Benz S-Class W126 остана возилот што од 80-те години од минатиот век до крајот на животот го користеше.

fidel-2