Вака изгледа најубавиот блиндиран автомобил на сите времиња

ОБЈАВЕНО НА:

Ако некогаш се гледаше исклучиво отпорноста, денеска блиндираните автомобили се повеќе од само отпорни автомобили.

Отпорност на највисоко ниво, внимателно креиран екстериер со бројни луксузни детали, одличен екстериерен дизајн проследен со внимателно дизајнирани црти кој му даваат елегантно-гламурозен изглед и супер перформанси под хаубата. Ова во кратки црти е описот на најубавиот блиндиран модел на сите времиња Aston Martin DB11.

Овој блиндиран автомобил е дело на германскиот произведувач на блиндирани автомобили Trasco Bremen кој години наназад ги преработува постоечките луксузни автомобили и создава блиндирани изведби на најпопуларните автомобили.

Блиндираната изведба на овој Aston Martin DB11 ја носи додавката James Edition и кај овој модел германскиот производител го има во целост имплементирано A-KIP концептот со кој на минимум се сведува можноста за киднапирање.

Kako izgleda najljepši blindirani model svih vremena

A-KIP концептот е дизајниран за да се заштитат патниците во автомобилот употребувајќи во автомобилот исклучиво сертифицирани материјали како што е балистичкиот челик комбиниран со композитни материјали кои се вградени во внатрешноста на вратите, балистичко стакло со сертификат од четврто ниво и слично.

Не само висока безбедност, овој блиндиран автомобил располага со одлични перформанси благодарение на 5.2 V12 литарскиот мотор кој продуцира 600 КС.

За креирањето на овој блиндиран автомобил на германската компанија и беа потребни речиси шест месеци.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK