VW планира комуникација возило – возило и возило – инфраструктура во 2019

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen планира да ги снабди своите возила со pWLAN технологија во 2019 година што треба да овозможи комуникација меѓу возилата, но и на релација возила – инфраструктура. На тој начин се планира спасување на безброј животи. Во моментов само некои од производителите ја користат оваа технологија.

Системот треба да стане стандардна опрема и според компанијата, тоа треба да овозможи нивните модели да „зборуваат“ со другите Volkswagen автомобили, но и со возила на други производители. Системот ќе има и возило – инфраструктура технологија и автомобилите ќе праќаат и добиваат информации како оние од семафор.

Системот на Volkswagen има комуникациски радиус од околу 500 метри, што прави возможно да се гледа „зад свиокот“. На промовирањето системот ќе се фокусира на обезбедување предупредувања и информации за сообраќајните ризици што доаѓаат набрзо. Ова може да вклучува работи како што се несреќи или метеж што е пред возилото.

Volkswagenн тврди дека системот е доволно напреден што може да ги идентификува потенцијалните сообраќајни опасности. Овие информации потоа ќе бидат споделени со околните возила за да ги предупредат своите возачи за можната опасност.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK