Возилата на Audi самите ќе плаќаат патарина

ОБЈАВЕНО НА:

Во рамки на пилот проектот во САД, Аudi на своите купувачи им понуди и уред за наплата на патарина кој е интегриран во самото возило.

Со секој нов автомобил ќе биде можно како дополнителна опрема во истиот да биде инсталиран модул кој ќе биде фиксно вграден во автомобилот. Истиот ќе овозможува да се наплаќа патарина.

Подесувањата на уредот ќе бидат можни низ инфотаинмент системот на автомобилот така што на истото место ќе биде можност и да се вклучува и да се исклучува односно да се подесува и бројот на личности во автомобилот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK