Во Volkswagen ќе има систем за ноќно возење

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител Volkswagen е уште еден од низата кој воведува систем за ноќно возење. Овој систем го прави возењето уште побезбедно, особено за околината бидејќи благодарение на интегрираната инфрацрвена камера возачот во секое време, а особено во тешко видливите ноќни услови ќе биде информиран за сите пешаци, велосипедисти и животни кои се наоѓаат на патот.

Инфрацрвената термална камера се наоѓа на предниот дел од автомобилот и има способност да го евидентира секое топлотно зрачење кое го испуштаат живите организими. Дометот на оваа камера се движи од 10 до 130 метри, во зависност од брзината на движење на автомобилот.

Во оној момент кога системот ќе детектира пешак, велосипедист или друго животно веднаш ќе испрати известување до возачот така што на дисплејот зад воланот ќе се појави известување.

Овој систем не е некој новитет особено ако се знае дека ист ваков е вграден во луксузните и автономни автомобили, а првиот фолксвагенов аатомобил кој ќе ја користи оваа технологија ќе биде новиот Touareg.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK