Тркалата од јаглеродни влакна на Porsche чинат 15.000 евра (Фото + Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Porsche претстави иновативни тркала за 911 Turbo S направени од јаглеродни влакна. Според податоците на производителот тркалата се 20 отсто полесни и 20 отсто поцврсти од стандардните алуминиумски тркала. Освен разликата во овие проценти, тркалата чинат само 15.000 евра.

Новите тркала се направени целосно од CFRP (carbon fiber reinforced polymer) и гарантираат пониска подпорна маса, обезбедувајќи подобро забрзување, сопирање и вртење. Фелните (бандажите) се составени од 200 одделни компоненти и се создадени во еден комплексен производствен процес.

За нивно правење Porsche ја користеше најголемата машина за “плетка” на јаглеродни влакна во светот со дијаметар од речиси 9 метри. Откако тркалото е составено останува импрегнираните делови да се состават со специјална смола за максимална цврстина при висок притисок и високи температури при користење. Долгиот процес на ладење е завршната постапка при создавањето на тркалото по што следува само лакирање.

Германскиот производител на спортски возила тврди дека е првата компанија во масовната автомобилска индустрија која го користи овој исклучително сложен процес, што има “клучни предности во однос на повеќе конвенционален метод за производство со претходно импрегнирани ткаенини од јаглеродни влакна”.
Технологијата според Porsche ја прави материјалната структура “значително” погуста и покомпактна, а производствениот процес води до помалку отпад. Секое тркало е направен од 18 килограми јаглеродни влакна.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK