Ssangyong најави спуштање на стаклата на вратите со „тач“

ОБЈАВЕНО НА:

Модерните времиња носат и модерни технолошки решенија во секоја сфера, па и кај автомобилските прозводители. Јужнокорејски Ssangyong Motor Co. дел од индискиот Mahindra & Mahindra Ltd. се подготвува да претстави нов систем за подгање и спуштање на прозорците, и тоа на допир од страна на возачот и совозачот.

Новата технологија најверојатно ќе биде промовирана до крајот на годинава, а е развиена во сопствениот развоен центар. Новата технологија веќе била тестирана во тренинг центарот во Ансеонг во петокот.

Иако Ssangyong потврди дека тие први ќе ја имаат оваа технологија, сепак првата компанија што ја претстави е Jaguar, И тоа пред две години. Но, тие само најавија, а не потврдија кога истата ќе биде пуштена во употреба во нивните возила.

Еве како работи системот на Jaguar кој официјално е се уште во развојна фаза.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK