Според Американците: Mazda ги прави најбезбедните возила

ОБЈАВЕНО НА:

Кога се купува нов автомобил влијаат многу фактори, цената, опремата, желбата, можностите, безбедноста. Јапонските возила со години предничат во многу сегменти и ги привлекуваат купувачите поради префиксот „најдобар“. А кога станува збор за безбедноста тогаш според последните податоци направени од американскиот Институт за безбедност на патиштата – IIHS, на прво место е Mazda.

Секој модел од 2017 тестиран од Mazda ги задоволува највисоките стандарди на IIHS, добивајќи ја оценката Top Safety Pick+ certification (врвна сигурност + сертификат).

Тоа, според производителот, го прави “единствениот производител на целосна производна линија што може да направи такво барање”. Дури и Volvo со својата фундаментална репутација за безбедност, оваа година ја пропушти номинацијата „плус“ за новите S90 и XC90 (и допрва треба да го тестира V90).

Објавата на Mazda доаѓа како подршка на уште еден „Плус рејтинг“ за моделот CX-5, кој секоја година ги добиваше врвните оценки и тоа во последните пет години. Кросоверот се нуди со стандардно ниско-забрзувачко сопирање и LED фарови, но се бара како опционален системот за избегнување на поголеми брзини за избегнување на удари и автоматски високи светла.

Помалот CX-3 и поголемиот CX-9 исто така добија највисоки оценки, како и Mazda 3 (седан и хечбек) и Mazda 6. Останува само MX-5 Miata, но Институтот не ги оценува малите спортски автомобили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK