Opel Grandland X предупредува кога возачот е уморен

ОБЈАВЕНО НА:

Целосно новиот Opel Grandland X ќе ја има својата премиера на 67-то Меѓународен автомобилски саем (IAA) во Франкфурт (14-24 септември) и набрзо потоа ќе биде во продажните салони.

Grandland X има спектар на современи системи за асистенција како предупредување за опасност од удар напред со автоматско принудно запирање и заштита на пешаците, авангарден асистент за паркирање и 360 ° панорамски камера – сето тоа стандардна во нивото на опрема INNOVATION. И ова се само некои од нив. Системи како автоматскиот темпомат со функција за сопирање, кој поддржува избрана брзина и растојание до возилото напред, и запира и го забрзува Grandland X, со што дополнително ја зголемуваат безбедноста. Постои и друга можност, исклучително важен систем наречен предупредување за замор (поспаност) на возачот.

Според едно истражување во Германија, една четвртина од инцидентите се со фатален крај (според ADAC) и се должат на заспивањето на возачот зад управувачот на автопатишта. Овие системите се дизајнирани така што да препознаваат знаци на замор и го советуваат возачот да одмори, а ова е резервирано за автомобилите од премиум класата. Сега Opel ги нуди придобивките од оваа технологија и за пошироката публика, како на пример за клиентите на новиот Grandland X.

Системот за утврдување на замор на возачот во Grandland X функционира како препознавање на промената во траекторијата на возилото, што укажува за замор и поспаност, односно намалено внимание. Тоа покажува порака кај контролните уреди на возачот и активира звучен сигнал. По три предупредувања на прво ниво, се појавува второ предупредување со различно порака кај контролните уреди и посилен звучен сигнал. Системот се враќа во првобитната положба при движење со брзина под 65 км/ч за 15 последователни минути.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK