Nissan понуди интелигентно огледало за гледање позади (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Многу често треба да превезете нешто во автомобилот и притоа сите предмети да ги ставите на задното седиште. И нема никаков проблем освне кога ќе треба да возите во рикверц. Тогаш ништо нема да може да видите на внатрешниот ретровизор, а истото е и кога би возеле на пат.

Верзијата на луксузниот СУВ модел Nisaan Armada за 2018 година ќе добие нов интелигентен ретровизор, со помош на кој возачот може да гледа што се случува зад возилото, дури и кога во задниот дел на ентериерот на автомобилот има пречка за неговиот поглед.

Новото огледало Intelligent Rear View Mirror (I-RVM) доаѓа со вграден LCD екран по целата површина, на кој по потреба може да биде дадена визуелна информација од задната камера.

Дополнителната функционалност на огледалото I-RVM што се нуди како стандардна опрема на Armada, се активира рачно и е на располагање на возачот дури и кога луксузниот автомобил е во движење.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK