Mercedes патентираше надворешни воздушни перничиња

ОБЈАВЕНО НА:

Безбедноста кај автомобилите постојано се подобрува и секој производител бара начини како нивното возило да биде побезбедно, не само за оние што се внатре туку и за пешаците. Mercedes Benz, односно Daimler патентираше надворешни воздушни перничиња за пешаците.

Се работи за воздушни перничиња што би требало да бидат поставени од надворешната страна на „А“ носачите. Би се активирале во случај на контакт на автомобилот со пешаците, и на тој начин да се ублажи ударот и последиците од него. При евентуален инцидент пешакот би имал контакт со помека површина, а не со ветробранското стакло или металните делови.

Овие воздушни перничиња би можеле да бидат направени од посебна ткаенина во облик на цевка, а би можеле да бидат сместени во носачите илина врвот на предниот дел од поклопецот на моторот.
Mercedes Benz овој патент го пријавил во јули 2015 година, а канцеларијата за патенти и заштита на брендовите во САД, го објавила патентот пред неколку денови.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK