Ford патентираше управување на автомобили со мобилен!

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Ford објави дека добила два патенти со кои заштити две нови идеи врзани за управувањето на автономните возила. Самоуправувачките автомобили сами по себе не би требало да имаат коло на управувачот ниту можност за управување од страна на патникот така што дури и доколку тоа го сакаат, патниците нема да можат да ја преземат контролата над возилото.

Затоа Ford се сети и одлучи да понуди виртуелно управување по пат на мобилен телефон. Првиот патент вклучува можност за искористување на сензорите во мобилниот телефон така што со едноставно вртење на телефонот ќе може да се врти лево или десно односно да се забрзува или да се кочи.

Концентот е тој на кој сите се навикнати додека играат симулации на компјутерските игри при што сите кои некогаш тоа го пробале знаат дека тоа не е нималку едноставно.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK