Треба ли гумите на предните и задните тркала да се со исти димензии?

ОБЈАВЕНО НА:

Многу од возилата се опремени со гуми со различни големини напред и назад. По правило, пошироките и со поголем обем одзади (и обратно), па понекогаш се изненадуваат кога моторот ја губи силата односно перформансите почнуваат да опаѓаат и автомобилот се однесува чудно во возењето.

Имено, системот за контрола и спречување на погонското лизгање препознава проблем со мерењето и споредување на брзината на вртењата на предните и на задните тркала. Кога погонските тркала почнуваат да се движат побрзо од слободните, контролниот модул препознава дека дошло до погонско лизгсање и така ја смалува силата на моторот, а во драстичните случаи и ги активира кочниците.

Тоа е случај, на пример, ако на автомобилот со преден погон назад вградат широки гуми, поголем надворешен обем. Затоа при иста брзина на возење на предните тркала (помал сооднос) вртат побрзо од задните и контролниот модул  тоа го „препознава“ дека дошло до погонско лизгање и смалување на силата на моторот.

Поради тоа е најдобро да се користат фабрички димензии на гуми, а ако се отстапувате, тогаш отстапете еднакво и напред и назад односно вградете гуми со еднакви димензии на сите тркала. Притоа не претерувајте, отстапете само една димензија (на пример, место ширина 195 мм, вградете 205 или исклучително 215, не пошироко).

Сепак, ако фабричките гуми се пошироки назад користете исклучиво гуми со фабрички димензии.