Што ако ставите погрешно гориво?

ОБЈАВЕНО НА:

Во секојдневното брзање, да се стигне навреме, да се завршат сите професионални и приватни обврски, да не се губи драгоцено време, многу лесно може да се случи во резервоарот да ставите погрешно гориво. Наместо бензин да наточите дизел, или обратно. И тогаш веќе има големи и сериозни проблеми за сопственикот на автомобилот.

И не само поради фактот што возилото брзо ќе застане, не можејќи правилно да се нахрани зашто има погрешна енергетска смеса, туку ќе ве удри и по џебот, за враќање во првобитната состојба.

Во случај кога би наточиле погрешно гориво, најдобро е да го сопрете автомобилот (ако веќе сте тргнале од бензинската пумпа) и ако воопшто успеете да тргнете со него, да повикате шлеп служба, да се однесе во овластен сервис да се „прочисти“ резервоарот, и да се провери дали се можни и други компликации.

Доколку на време се забележи грешката, односно ако веднаш не се прекине со точење на гориво, и не се внесе повеќе од пет отсто од погрешното гориво, нема да има никаква штета. Доволно е да ставите што е можно повеќе „вистинско“ гориво, по можност „до врв“, и таа мала количина што е по грешка ставена ќе се изгуби во масата.

Затоа, додека се точи гориво, отворете очи. Или подобро читајте што пишува на капачето од резервоарот. Таму има со доволно големи букви, какво гориво треба, или пак, што не треба да се става.

Но, што ако се случи?

Бензин наместо дизел!

Во 90 отсто од случаевите е во резервоарот со дизелски мотор да ставите бензин. Ако возачот се откаже од стартување на моторот, нема да има проблеми, и горивото нема да стигне до системот за вбризгување, па и процедурата е поедноставна. Сепак не може да се избегне повикот до шлеп службата. Во самиот сервис, бидејќи горивото не стигнало до дизната, доволно е со слободен пад да се испушти горивото и тоа е се. Потоа се налева вистинско гориво, и нема никакви последици за моторот, како ни екстра трошоци.

Генерално, мало количество на некоректно гориво не би требало да предизвика оштетување на моторот.

Ако имате ставено повеќе од 10 отсто (5 литри во резервоар од 50 литри) – испуштете горивото од резервоарот и наполнете потоа дизел.

Ако сте ставиле помалку од 10 отсто – Наполнете го резервоарот до врв и возете слободно, освен ако производителот не препорачал поинаку.

Дизел наместо бензин

Во пракса се многу поретки случаевите кога наместо бензин во резервоарот се стави по грешка дизел. Иста е постапката и со дизелските агрегати. Автомобилот може дури и да работи, силно да дими и да „не прима гас“, а во крајна ситуација да не биде во состојба да се вози и единствено решение да биде повикување на влечна служба и носење во овластен сервис. Тогаш задолжително треба да се смени филтер за гориво. Истовремено, можно е да се случи да бидат запушени сите четири дизни, што единствено може да се оспособат во овластен сервис. Во пракса најдобро е да се заменат со нови, но тоа чини дополнителни средства.

Со оглед на тоа дека дизелот е помрсен и погуст од бензинот, често доаѓа до валкање и запушување на дизните, а и целиот цевковод потешко се чисти. Поради тоа по прочистувањето, моторот мора да работи во место најмалку половина час за да почне нормално да функционира.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK